ФУДБАЛ

Шпанија без ниту еден фудбалер на Реал Мадрид на Европско!

Селекцијата на Шпанија на претстојното Европско првенство ќе настапи без ниту еден играч на Реал Мадрид. Ова е голема реткост, а стана јасно откако селекторот Луис Енрике го објави списокот на фудбалери. Иако претходно беа дел од репрезентацијата, односно квалификациите, сега во составот ги нема Рамос и Начо. Со ова практично Реал Мадрид нема свој играч во шпанската селекција.