Барселона го совлада Ваљадолид со 1:0 во 29. коло од Ла Лига со голот на Дембеле и се доближи на Атлетико со еден бод помалку.
Работата можеше да биде сосема поинаква.
Судијата Латре е првата приказна по мечот на Камп Ноу. Очигледен пенал за гостите не беше досуден откако Алба играше со рака, а потоа тој му покажа црвен картон на Пијано и ги остави гостите со десет играчи во 79-та минута.

Интересно, и двете ситуации беа сомнителни, но ВАР не реагираше.
После натпреварот, шпанските медиуми и навивачите на социјалните мрежи ја исмејуваа Барселона, но и судијата Латреа.
Еден од коментарите гласи „Каде го носите судијата на вечера?“, Некои се прашуваат дали му треба ВАР на натпреварите на Барселона.