Гледавме се на натпреварот. Голмански интервенции, системи, обиди… Но, Хратска не беше толку добра за да успее да го грабне златото на Европското првенство.
https://www.facebook.com/ehfeuro/videos/179985393107416/
Во првото полувреме Хрватска иако имаше и водство со три бода, сепак во последните секунди од натпреварот, Шпанија дојде до минимална предност со што сирената го означи и крајот на првото полувреме.
https://www.facebook.com/ehfeuro/videos/812396265893720/
Во второто полувреме, за прв пат во финалето, Шпанија во 35. минута дојде до двојна предност на натпреварот откако Хрватска имаше празен гол.
Шпанија во овој период ја постигна и најголемата предност на натпреварот +4. Веднаш по ова следуваше и тајм-аут побаран од Хрватска, а селекторот со порака до играчите.
DUVNJAK! @hrstwitt 🇭🇷#ehfeuro2020 #dreamwinremember pic.twitter.com/Kz2sVGYkqt
— EHF EURO (@EHFEURO) January 26, 2020
„Играте против 40 годишнаци, сакам да видам крвави колена“, рече Червар за време на тајм-аутот.
Во 44. минута успеа Хрватска да и се доближи на Шпанија на само 1 негатива, но следваше исклучување на Караџиќ по што резултатот стана 17:15. 11 минути до крајот, Хрватска и Шпанија стигнаа до изедначување. Мариќ ја донесе оваа радост за Хрватска. 18:18. Следуваше борба на теренот за секоја топка.
Следуваше период во кој Шпанија не успаеа повеќе од 6 минути да постигне погодок.
Лука Степанчиќ го донесе во 54. минута првото водство за Хрватска со шут брзина од над 107 километри на час. 18:19. Од седум метри реализираа Шпанците и со тоа имаше ново израмнување на реултатот 19:19. Максимално изедначено, првата постава на Хрватска е во напад. Во последните 4 минути, Хрватска беше со играч повеќе, но не успеа да го искористи тоа.
Во последните две минути од натпреварот, Шпанија преку седмерец дојде до предност. 21:20. Следуваше и грешка од страна на Хрватска и направи повеќе движење со топката, на што реагираа македонските судии.
Недолични зборови следуваа на тајм-аутот од страна на Лино Червар, на 1 минута пред крајот. Но, Хрватска не успеа да дојде до првото злато на Европското првенство. Шпанија се радува за новата евроска титула.