Шпанската женска фудбалска репрезентација ја освои титулата светски шампион на Светското првенство во Австралија.
Фудбалерите на Шпанија ја победија Англија со 1:0 (1:0) во големото финале на Олимпискиот стадион во Сиднеј, што е прва титула во историјата за „црвената фурија“.
Победничкиот гол на натпреварот го постигна Олга Кармона Гарсија во 29. минута.
Англичанките имаа одлична шанса во 15. минута кога гредата ја спаси Шпанија, а потоа падна и решавачкиот гол пред крајот на половина час игра.
Кармона Гарсија од 15 метри дијагонално од левата страна биеше во долниот лев агол за 1:0.
Во 70. минута Шпанија можеше да ги реши сите дилеми околу победникот, но Џенифер Хермосо го промаши пеналот.
Сè на сè, Шпанија го освои и Светското првенство за жени за прв пат во историјата.
