Барселона нема постигнато директен гол од слободен удар во последните две години, објави „АС“. Каталонците последен пат постигнаа гол од слободен удар на 2 мај 2021 година. Автор на постигнатиот гол беше аргентинскиот екс напаѓач на тимот Лионел Меси.
Меси моментално игра за ПСЖ. Актуелниот договор на 35-годишниот играч со парижаните е со важност до летото 2023 година. Меси оваа сезона настапи на 37 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 20 гола и 19 асистенции.
