ФУДБАЛ

Шпанскиот суд донесе пресуда за Алонсон

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Шпанија, Чаби Алонсо е ослободен од обвиненија за даночни измами.

Алонсо, кој работи како тренер на Б-тимот на Реал Сосиедад, се соочи со три кривични пријави против Јавното Министерство за финансии во 2010, 2011 и 2012 година.

Шпанското обвинителство бараше две и пол години затвор за поранешниот играч од средниот ред.

Но, судот донесе пресуда денес дека Алонсо и уште двајца обвинети во неговиот случај се невини за кривичните дела за кои се наведени, поради недостиг на докази.

Поранешната sвезда на Ливерпул и Баерн Минхен е единствената фудбалска личност со висок профил што реши да се бори на суд поради обвиненија за даночни измами.

Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Марсело, Лука Модриќ и Диего Коста се согласија да платат казни, Алонсо одби да го стори тоа и остави на судот да го реши неговиот случај.