Енрике Лопез Перез се соочи со навистина голема казна бидејќи беше утврдено дека учествувал во местење на натпревари.
Шпанскиот тенисер се занимаваше со „незаконски активности“ во 2017 година, а три години подоцна ја дозна казната.
За време на осумгодишната суспензија, Лопез Персе не може да игра никакви официјални натпревари, па дури и му е забрането да присуствува на нив, а исто така беше казнет со 25.000 долари.
29-годишниот тенисер го постигна најдобриот пласман во кариерата во 2018 година, кога беше 154-ти играч на АТП-листата.