ФУДБАЛ

Шпанскиот тим ги воодушеви навивачите со импресивна презентација на новиот потпис (ВИДЕО)

Вака го најавија Давид Силва.

На фантастичен начин Реал Сосиедад во петокот објави дека Давид Силва ќе остане во клубот уште една година.

Иако многумина веќе го видоа шпанскиот ветеран како се пензионира од фудбалот, тој реши да продолжи да игра, па го продолжи договорот со Реал Сосиедад.

Тој дојде во Сосиедад во 2020 година, откако со многу успех го носеше дресот на Манчестер Сити.

Со шпанскиот клуб од Сан Себастијан минатата година го освои Купот на кралот, а раководството на клубот го убеди да остане барем уште една сезона, односно до летото 2023 година.

Во Сосиедад на многу спектакуларен и интересен начин го претставија новиот договор на 36-годишниот Силва.