ФУДБАЛ

Шпанските медиуми го открија најголемиот проблем во играта на Барселона

Барселона се прости од Лигата на шампионите во осминафиналето со ремито 1:1 против ПСЖ. Каталонците беа поразени на првиот натпревар со резултат 1:4.

На синоќешниот дуел во Париз, Барселона имаше многу можности, пропуштија ветувачки шанси, а шпанските медиуми во анализата утрово откриваат дека реализацијата на оваа сезона е најголемиот проблем на Барселона.

Угледниот „Спорт“ пишува дека Куман претходно предупредувал на проблемот со реализација, каде Меси е единствениот на висина на задачата.

Другите медиуми пишуваат дека приоритет на Барселона во текот на летото е доведување на врвен напаѓач и дека играта на теренот не е толку лоша и без идеи.

Каталонците останаа во трка за трофј во домашното натпреварување, па сезоната не е уништена, но ќе мора добро да ја поправат реализацијата во финишот, што беше кобно за тимот на Куман синоќа во Париз.