ФУДБАЛ

Шпанските медиуми тврдат: Играчот на Реал за неколку дена ќе премине во редовите на градскиот ривал

По портврдувањето на заминување на Антоан Гризман и Диего Годин од клубот, бидејки и за уште неколку играчи постои интерес од други клубови, Атлетико Мадрид и одлучи да одат во потрага на засилување.

Атлетико не мораше далеку да оди па така, „Кадена Копе“ пренесува дека потпишувањето на Маркос Љоренте од екипата на Реал Мадрид во завршна фаза.

Љоренте не е стандарден во првиот состав на Реал Мадрид, а оваа сезона одигра вкупно 16 натпревари во сите натпреварувања и постигна 2 гола.

Сепак, неколку клубови покажаа интерес да го доведат во своите редови, вклучувајќи ги и Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Во Атлетико се плашат дека за Родриго може да ја активира клаузулата од 70 милиони евра и дека може и тој да го напушти овој клуб.

Зато поради неговото евентуално заминување, и Гризман и Годин, кои веќе го напуштија Мадрид, овој клуб најави купување на шест играчи, вклучувајќи и го Маркос Љоренте.

Наводно, понудата од 40 милиони евра ќе пристигне во „Сантијаго Бернабеу“, а трансферот на 24-годишниот играч од средниот ред треба да биде реализиран во следните неколку дена.