Селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Луис Енрике го објави списокот со 24 играчи на кои смета на Европското првенство.
Она што на прв поглед паѓа во очи е дека на списокот нема врвни имиња, како што имаа Шпанците претходните години, како и отсуството на долгогодишниот капитен, Серхио Рамос.
Фудбалерот на Реал Мадрид оваа година одигра само седум натпревари за Кралевите поради повреда. Иако имаше најави дека тој нема да биде на списокот, многумина сметаа дека Енрике ќе го покани ако ништо друго заради неговите претходни заслуги, како и искуството што без сомнение го поседува.
Серхио Рамос го освои Светскиот куп во Јужна Африка со репрезентацијата на Шпанија во 2010 година, како и на две Европски првенства (во 2008 година во Австрија и Швајцарија и во 2012 година во Полска и Украина).
Шпанците ќе одат на едно големо натпреварување без Рамос, првпат по Европското првенство во 2004 година во Португалија. Рамос одигра 180 натпревари за Шпанија.
Европското првенство се игра од 11 јуни до 11 јули, а Шпанија е во групата со Словачка, Шведска и Полска.
🚨🇪🇸 Sergio Ramos & Nacho are NOT in the Spanish squad for #EURO2020. pic.twitter.com/zuN8xBq1rd
— Infinite Madrid (@InfiniteMadrid) May 24, 2021
Голмани: Унаи Симон, Давид де Геа, Роберт Санчез.
Одбрана: Хозе Гаја, Жорди Алба, Пау Торес, Ајмерик Лапорте, Ерик Гарсија, Диего Љоренте, Цезар Аспиликуета, Маркос Љоренте.
Среден ред: Серхио Бускетс, Родри, Педри, Тиаго, Коке, Фабијан.
Напаѓачи: Дани Олмо, Микел Ојарзабал, Алваро Мората, Жерард Морено, Феран Торес, Адама Траоре, Пабло Сарабија.