ФУДБАЛ

Шпанците ја објавија содржината на пораката што Мбапе му ја испрати на Флорентино Перез преку WhatsApp

Килијан Мбапе синоќа и официјално потврди дека ќе остане во ПСЖ.

Тој ги одби понудите на ПСЖ за продолжување на договорот и се чинеше дека сигурно ќе оди во Реал Мадрид, но потоа дојде до голем пресврт. Мбапе се предомисли и реши да остане во Париз, што ја шокираше јавноста во Шпанија.

Во Реал Мадрид беа сигурни дека Мбапе доаѓа летово и се е подготвено за неговиот пречек, а многу се лути што на крајот ги остави на цедило.

 

Шпанскиот El Chiringuito синоќа објави дека Мбапе директно го контактирал Флорентино Перез за да го извести дека нема да дојде во Реал Мадрид и дека одлучил да го продолжи договорот со Париз.

Оваа шпанска телевизија дури објави и наводна порака која Мбапе му ја испратил на Перез преку WhatsApp.

„Сакам да ве информирам дека решив да останам во ПСЖ. Ви благодарам што ми дадовте шанса да потпишам за Реал Мадрид, за кој навивам уште од дете“, наводно му напишал Мбапе на претседателот на кралскиот клуб.

Перез бил бесен кога Мбапе му ја кажал својата порака бидејќи и самиот верувал дека се е готово. Сепак, на крајот дојде до пресврт кој очигледно никој не го очекуваше.