ФУДБАЛ

Шпанците: Модриќ мора да остане во Реал

Шпанскиот весник „Ас“ пишува дека Реал Мадрид подготвува големи промени во тимот, но дека тие нема да се однесуваат на Лука Модриќ.

„Модриќ ќе се пензионира кога неговото тело ќе каже доста е“. Прашање е само кога ќе се случи… Неговите игри не покажуваат дека тоа ќе се случи наскоро, а по Мундијалот изјави дека нема да ја напушти репрезентацијата, пишуваат „Ас“ и продолжуваат:

Ја водеше Хрватска во Катар, а за Карло Анчелоти се уште е незаменлив. Џуд Белингам и Енцо Фернанде се имиња кои се појавуваат на хоризонтот, но тоа не значи дека тие не можат да бидат под водство на Лука додека тој е наоколу. Тој треба да го продолжи договорот, а во моментов нема индикации дека може да се случи нешто друго. Ако не го продолжи договорот, тоа ќе бидат денови на жалост за Реал Мадрид… И фудбалот…“Модриќ годинава наполни 37 години, но очигледно тоа не влијаеше премногу на неговата игра. Хрватскиот репрезентативец дојде во Реал Мадрид во 2021 година од Тотенхем и оттогаш одигра 307 натпревари и постигна 25 голови.