ФУДБАЛ

Шпанците објавија дека таткото на Меси преговара со клубот од Катар, а потоа тој се огласи на Инстаграм

Шпанските медиуми вчера ја продолжија сагата околу заминувањето на Лионел Меси од Барселона.

Познато е дека Меси ова лето сакаше да го напушти клубот и побара раскин на соработката, но тогашните челници на Барселона не се состанаа. Аргентинецот има договор до крајот на оваа сезона и како што стојат работите тој не го смени мислењето за заминување.

Нова сага започна вчера во шпанските медиуми започната од Ел Чирингуто кој објави дека таткото на Меси Хорхе имал состанок со челниците на еден катарски клуб кои наводно му нудат цело богатство на најдобриот играч во светот.

Сепак, на крајот на краиштата, таткото на Меси реши да објави на Инстаграм за да каже дека ова се лажни вести и дека тој воопшто не разговарал со некои сопственици на клубови од Катар.

“Лага и измислица. Јас сум во Аргентина од септември”, рече Хорхе.

Шпанските медиуми објавија дека таткото на Меси патувал во Катар на состанок за продолжување на кариерата на неговиот син, но тој експресно го демантирал тоа на социјалните мрежи.