ФУДБАЛ

Шпанците пишуваат, Родригез ургира кај Зидан за сонародникот!

Реал Мадрид не успеа да го пробие одбрамбениот бункер на Атлетико Мадрид, Бензема немаше одговор за катанецот на Симеон. „Дон Балон“ пишува дека има опција за нов напаѓач, кој би можел да дојде во главниот град на Шпанија од следното лето, а може и во јануари.

Шпанските медиуми објавија дека напаѓачот на Аталанта, Дуван Сапата има силна желба да игра во кралско-белиот дрес на Мадрид, наводно за негов трансфер ќе ургира колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез.

Напаѓачот на Аталанта е во одлична форма оваа сезона, запиша пет гола и две асистенции на седум натпревари. Тој сигурно би му дал на Зидан нова опција во нападот, Колумбиецот одлично се снајде во воздушните дуели, но засега шансите за трансфер се мали, особено за во јануари.

Аталанта игра во Лигата на шампионите, Колумбиецот има 28 години, прашање е дали тимот од Мадрид би сакал да го донесе во овие зрели години.