ФУДБАЛ

Што ако ПСЖ игра против Барселона во Лигата на шампионите? Пораката на Лионел Меси

Лео Меси вели дека евентуалното соочување со Барселона сега со дресот на ПСЖ, би било нешто чудно за него.

Тој навистина не може да опише како би било да се симне на Камп Ноу, во својот дом, со дресот на друг клуб, но вели дека ова е фудбал.

„Секогаш ќе им бидам благодарен на навивачите на Барселона, бев таму како дете и секако дека ќе биде тешко“, рече тој.

„Би било чудно да играме дома со друг дрес, но ова е фудбал“.

Меси потпиша двегодишен договор со ПСЖ, до 2023 година.