ФУДБАЛ

Што би направил ако е целосно здрав? Бензема го сруши ПСЖ со болки во нозете

Карим Бензема е апсолутен херој на Реал Мадрид.

Неверојатниот напаѓач со три гола го исфрли ПСЖ од Лигата на шампионите, а Реал се најде меѓу осумте најдобри екипи во Европа со победа од 3:1.

Сигурно е интересно што Бензема повреден го сруши ПСЖ. Тој имаше проблеми со стопалото пред мечот, но овој дуел не беше шанса за промашување.

По натпреварот состојбата на стапалата беше малку полоша. Сепак, нема сериозна повреда и фантастичниот француски напаѓач е подготвен за нови предизвици.

Следниот натпревар Реал го игра против Мајорка во првенството и се очекува искусниот напаѓач да го предводи нападот на својот тим.

Едер Милитао и Начо се уште имаат проблеми со повреди, но како и кај Бензема не се сериозни повреди и ќе играат.