Иднината на Лионел Меси во Барселона сè уште не е позната.
Договорот на аргентинската sвезда истекува на крајот на сезоната, но новиот претседател на клубот Жоан Лапорта прави се за да го задржи Меси мирен на „Камп Ноу“.
Преговорите за нов договор ќе започнат наскоро. Новинарот на Каден СЕР, Хозе Антонио Понсити, тврди дека без оглед на резултатот од преговорите, Меси ќе игра во Европа уште две години.
„Што и да се случи во преговорите, Меси ќе игра во Европа уште две години, а потоа ќе замине во Интер Мајами“, рече Понсети, а потоа откри какви се шансите Лео да остане во Барселона.
„Во моментов, шансите за останување се 50 проценти, претходно беа 78 проценти“, посочи тој.
Меси е поврзан со ПСЖ, а и претходно се зборуваше дека може да потпише за ПСЖ.