ФУДБАЛ

Што им направи? Куртоа го доживеа најголемото понижување досега 48 часа по финалето (ВИДЕО)

Тибо Куртоа го одигра најдобриот натпревар во кариерата во финалето на Лигата на шампионите иако беше повреден.

Куртоа има проблеми со болки во препоните во текот на целата сезона, но тоа не го спречи да биде толку брилијантен како што беше во натпреварот на годината против Ливерпул.

Одличниот Белгиец имаше девет одбрани против „црвените“, од кои некои беа навистина брилијантни, а тој е најзаслужен зошто Реал по 14-ти пат е на тронот на Европа.

Сега за веќе искусниот голман тоа беше второ финале во Лигата на шампионите, првото го загуби пред осум години од Реал кога го чуваше голот на Атлетико Мадрид.

По победата над Ливерпул, Куртоа изјави дека сега е на добрата страна на историјата, на што приврзаниците на „јорганџиите“ доста замеруваа.

https://youtu.be/MlJlvjvF86M

Зборовите им паднаа толку тешко што 48 часа по финалето му го приредија најголемото понижување на фантастичниот чувар на мрежата досега.

Имено, попладнето пред стадионот „Ванда Метрополитано“ беше ископана плочата посветена на Куртоа.

Неколку часа пред немилиот настан, претседателот на Атлетико, Енрике Серезо изјави дека доколку некој сака да ја тргне плочата на голманот и да ја ископа, што на крајот и се случи.

Атлетико има пракса пред својот стадион да поставува плакета за секој играч со над 100 настапи во дресот на овој клуб.

Белгиецот го чуваше голот на „јорганџиите“ три сезони и освои четири трофеи – Ла Лига, Лига Европа, Суперкуп на Европа и Куп на Кралот. Потоа, во два наврати, го освојуваше трофејот како голман со најмалку примени голови.

ПОВРЗАНО

Ла ЛигаЛига Европа