ФУДБАЛ

Што им порача Клоп на младите момчиња на Ливерпул кои синоќа беа лошо поразени?

Најмладиот тим на Ливерпул кој одигра еден натпревар беше поразен синоќа како дел од четвртфиналето на Лига Купот од Астон Вила со 5:0.

Поради Светското клупско првенство, Ливерпул требаше да им даде шанса на младите играчи во просек 19 години и 182 дена на натпреварот синоќа, со тоа што Астон Вила славеше како што се очекуваше.

Тренерот на младинците на Ливерпул, Критли ја презеде функцијата менаџер на тимот, додека Јирген Клоп отпатува за Катар за финалето на Светското клупско првенство.

Поразот во Вила Парк е тежок, резултатот е премногу висок, но Критли истакнува дека тој бил горд на ставот на своите играчи, пет од нив само што го направија своето деби за првиот тим на Ливерпул.

„Беше посебен момент. Однесувањето на играчите на Вила кон нашите играчи цела вечер беше првокласно. Менаџерот на Вила, Дин Смит и Џон Тери влегоа во нашата соблекувална со посебни зборови за нашите момчиња, и ова е нешто што ќе живее со нас долго време. Тоа беше одлична работа“, рече Критли.

Што им кажал всушност менаџерот Вила?

„Им реков дека тие се навистина талентирана група на играчи и тие ни го отежнаа животот. Сигурен сум дека има многу играчи кои ќе играат во Премиер лига во наредните години. Поразот од 5-0 не треба да ги крши.“

На прашањето дали Клоп дал коментар, Критли рече: „Имавме некои информации од менаџерот на полувреме. Во суштина, тој ни рече да продолжиме да играме како што играме, да продолжиме да бидеме храбри. Гледаше (во Катар) со персоналот и играчите. Сигурен сум дека тој ќе биде горд на начинот на кој игравме вечерва“.

Тоа беше прв пораз на Ливерпул во сезоната, но никој нема да обрне внимание на тоа, бидејќи ниту еден од „главните“ играчи не играше.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига