Медиумите во Шпанија го прашаа тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан што мисли за отказот на тренерот на Барселона Ернесто Валверде. Ова е неговиот одговор:
-Тој е тренер, кој покажа колку е квалитетен и навистина го почитувам. Како тренери на клубови како Реал Мадрид и Барселона, знаеме на што сме и тоа никогаш нема да се промени. Ако јас загубам неколку натпревари и мене ќе ме критикуваат, како што беше пред месец ипол. Можеш само да даваш 100 отсто од себе. Навистина ми е жал за Валверде, додаде Зидан.