Џенаро Гатузо ќе биде нов тренер на Наполи, кој доаѓа на местото на Карло Анчелоти. Веднаш по победата над Гент и обезбедениот пласман во следната фаза од ЛШ, Анелоти и Наполи се разделија. Италијанските медиуми објавија дека дел од фудбалерите плачеле во соблекувалната.
На својот Инстаграм порака за Анчелоти имаше и напишиот Елиф Елмас.
-Ти благодарам за се што направи за мене. Ми беше чест да работам со тебе и ми беше чест да ми бидеш тренер. Ти посакувам се најдобро во твојата кариера, напиша Елмас.
Како што е познато Елмас беше желба на Карло Анчелоти, па тој од Фебербахче се пресели во Наполи.