Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти имаше многу интересна прес-конференција на која главна тема беше гостувањето кај Бетис во 16. коло од Ла Лига.
Откако го анализираше Бетис и одговори што очекува во Севиља, тој беше прашан дали би прифатил понуда од клуб од Саудиска Арабија за плата од 500 милиони евра.
„ За 500 милиони? Не би морал ни да резервирам лет, ќе пешачам до таму“, рече Анчелоти.
Се насмеа себе си и претставниците на медиумите, а потоа сериозно:
„Малку се шегував. Не сакам пари, тоа не ме интересира“, изјави Италијанецот.
Договорот на Анчелоти со Реал истекува на крајот од сезоната и последните информации говорат дека тој ќе го продолжи, иако веќе се гледаше како нов селектор на Бразил од јуни следната година.
