Астон Вила на домашен терен го прегази најбогатиот тим во Премиер лигата, како што го нарекуваат Њукасл. Унаи Емери, кој сезонава со Астон Вила прави фантастична работа, и неговите избраници славеа со 3:0. Со оваа победа Астон Вила собра 50 бодови со што се вкклучи во битката за пласман во Лигата на шампионите. Во моментов има шест бодови помалку од Јунајтед кој е на четвртото место, последна позиција која носи пласман во ЛШ следната сезона.
Инаку, стрелци на головите на денешниот меч беа Ремзи и Воткинс кој два пати стрелаше.
