ФУДБАЛ

Што рече Халанд по неговото филмско деби?

Норвежанецот Ерлинг Халанд не можеше да замисли подобро деби во дресот на Борусија Дортмунд.

Пред неколку недели Халанд пристигна во Вестфален за нешто повеќе од 20 милиони евра, а веднаш по своето деби, тој започна да ја заслепува и воодушевува јавноста во Германија.

19-годишниот фудбалер постигна хет-трик во дуелот против Аугсбург, откако влезе од клупата во второто полувреме и, како што се очекуваше, беше пресреќен.

„Ова беше добар ден, среќен сум. Јас сум крајно опуштен. Не знам зошто. Дојдов во фантастичен клуб, имам одлични соиграчи и добри луѓе наоколу. Дебито беше многу добро“,изјави Халанд по натпреварот.

Борусија Дортмунд славеше со 5:3 во 18. коло од Бундеслигата против Аугсбург.

ПОВРЗАНО

Бундеслига