ФУДБАЛ

Што рече Кристијано Роналдо по распадот на Барселона?

Кристијано Роналдо искористи два пенали во убедливата победа на Јувентус со 3:0 на „Камп Ноу“ против Барселона.

Торинскиот великан целосно ги надигра Каталонците, Роналдо ги искористи шансите и на крајот Јувентус како првопласиран во групата мина во нокаут-фазата на натпреварувањето.

Кристијано зборуваше по натпреварот и истакна дека е многу задоволен што настапи на „Камп Ноу“.

“Секогаш е убаво да се вратиме во Шпанија и Каталонија и секогаш е тешко да се игра на Камп Ноу против еден од најдобрите тимови против кои некогаш сум играл. Денес бевме вистински шампиони. Вистинско, силно и обединето семејство. Ако продолжиме вака, нема од што да се плашиме крајот на сезоната. Ајде да одиме “, напиша Роналдо.

Јувентус е сосема поинаква екипа со Роналдо и тоа го покажаа синоќа на „Камп Ноу“.