Пред неколку дена, шпанскиот весник Ел Мундо го објави договорот што Лионел Меси го има со Барселона.
Во 2017 година, Аргентинецот ја продолжи соработката со каталонскиот гигант за уште четири години и од нив зеде неверојатни 555 милиони евра.
Многумина веруваат дека никој не вреди за оваа бројка, па дури ни Лионел Меси, а Аргентинецот најави тужби против луѓе кои знаеја за неговиот договор во клубот.
Сепак, иако тој заработува многу повеќе пари од другите, на тимот, наводно, не му пречи. Каталонскиот весник Спорт наведува дека атмосферата во соблекувалната по објавувањето на договорот е многу подобра и дека тимот е обединет како никогаш порано.
Исто така, Спорт тврди дека тимот е решен да постигне најдобри можни резултати до крајот на сезоната, и покрај сите бројни проблеми со финансиите, и сите тие се посветени само на успехот.
Ќе видиме колку Барселона ќе може да стори до крајот на сезоната и дали ќе освои некој трофеј во оваа навистина тешка сезона.