Ливерпул триумфираше 2-0 против РБ Лајпциг на синоќешниот реванш осминафинале од Лигата на шампионите, и освои пласман понатаму.
„Црвените“ беа подобри и на првиот дуел со 0:2 против минатогодишниот полуфиналист во Лигата на шампионите.
Сепак, она што дефинитивно привлекува внимание е статистиката на Ливерпул. Екипата на Јирген Клоп имаше вкупно седум удари кон противничкиот гол на синоќешниот натпревар против Лајпциг и верувале или не, ова се повеќе обиди за гол отколку на последните пет натпревари во Премиер лигата.
„Црвените“ во Премиер лигата имаат ужасна низа и ги загубија последните шест натпревари на „Енфилд“.
Се чини дека се работи за сосема друга приказна во Лигата на шампионите. Ова е исто како да гледате два тима оваа сезона. Едниот во шампионатот, другиот во Лигата на шампионите.