Екипата на Милан веќе четири кола не знае за победа во италијанската Серија А. Иако во ЛШ пред неколку дена го совладаа ПСЖ со 2:1 и останаа во игра за пласман во осминафиналето, сепак попладнево иако водеа со 2:0 на крајот не успеаја да се радуваат против Лече бидејќи мечот заврши 2:2. Жиру и Рејндерс донесоа преднос во првиот дел од 2:0 за Милан, но во вториот дел примија два гола и останаа без победа. Сансоне во 66-та и Бенда 70-та постигнаа голови за конечни 2:2.
Standings provided by Sofascore
