ФУДБАЛ

Што се случува со окото на Гатузо?

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо во последно време има проблеми со десното око.

Гатузо е принуден да носи заштита на очите, а причината за ова е очна болест наречена окуларна мијастенија.

Тоа е автоимуна болест која влијае на надворешниот дел на окото и трепките. Мускулите ослабуваат, окото се затвора и покрај тоа може да предизвика „двојно гледање“.

Затоа Гатузо носеше специјални очила, а тој носеше заштита над окото и ќе остане така сè додека не се подобри состојбата со окото.

Сепак, наскоро сè треба да биде во ред со тренерот на Наполи. Тој е навикнат да му се случува ова и веќе извесно време се занимава со овој проблем.