Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос никогаш не бил поблиску да го напушти Реал Мадрид.
Имено, тој е разочаран од односот на лидерот на клубот кон него, иако е во овој клуб од 2005 година.
Договорот на Рамос со Реал Мадрид истекува следната година, и иако започнаа разговорите за нов договор, тие не одат никаде.
Фудбалерот бара двогодишен договор, додека челниците на Реал не сакаат да направат исклучок ниту со него, а не сакаат да му дадат договор повеќе од една година.
Во Реал, се свесни дека тој ќе има 35 години кога ќе му истече сегашниот договор, и од таа причина не сакаат да му дадат двегодишен договор.
Ако неговото барање не биде исполнето, Рамос е подготвен да си замине, а наводно е позната неговата следна дестинација.
Станува збор за Интер Мајами, тим во сопственост на Дејвид Бекам, кој играше со Рамос во Реал Мадрид две сезони.