ФУДБАЛ

Шведскиот тренер во Милано разговараше со Ибрахимовиќ за враќање во националниот тим

Златан Ибрахимовиќ игра во својата животна форма на 39 години и затоа репрезентацијата на Шведска сака повторно да го носи дресот на репрезентацијата.

Ибрахимовиќ во моментов е лидер, најдобар играч и стрелец на препородениот Милан, а покрај тоа би можел повторно да заигра во дресот на Шведска, од кој се прости пред неколку години, поточно во 2016 година.

Селекторот на Шведска, Јане Андерсон отпатува во Милано да разговара со Ибрахимовиќ за можно враќање во националниот тим, а по состанокот Андерсон рече:

„Средбата беше многу позитивна, се согласуваме за фактот дека ќе го продолжиме дијалогот во следните месеци.

Следниот натпревар Шведска го игра во март 2021 година и се чини дека се поизвесно е враќањето на ветеранот Ибрахимовиќ во националниот тим.