ФУДБАЛ

Швеѓаните по баражот повикале полиција: „Ова е ужасно!“

Во вторникот се урнаа соништата на шведската репрезентација за настап на Светското првенство во Катар.

По победата над Чешка во полуфиналето на плеј-офот, Полска беше подобра од нив во финалето со резултат 2:0 и избори учество на Светското првенство.

Шведските навивачи не се помирија со тоа, а особено на мета беа Јеспер Карлстром и Маркус Даниелсон кои се виновни за двата гола што Шведска ги прими на овој меч.

„Шведскиот фудбалски сојуз ќе ја извести полицијата за интернет омразата што се прошири по натпреварот Полска-Шведска против Јеспер Карлстром и Маркус Даниелсон“,напиша на Твитер Пјотр Пјотрович, шведски фудбалски ентузијаст.

https://twitter.com/Piotrowicz17/status/1509119406680465414

Веднаш по натпреварот на различни социјални мрежи почнаа да пристигнуваат разни навреди за двајцата споменати играчи. И двајцата добија многу навредливи коментари.

Веднаш по почетокот на вториот дел, Карлстром во шеснаесетникот го фаулираше Гжегож Кричовиак, кој на полувремето влезе на теренот. Судијата досуди пенал, кој го искористи Роберт Левандовски во 50. минута за водство на Полјаците од 1-0.

Во 72. минута Даниелсон направи кобна грешка во едноставна ситуација. Во безопасна ситуација топката ја украде Пјотр Зиелински, тој се најде во ситуација еден на еден со голманот и погоди и го постави конечниот резултат.

На омразата кон играчите веднаш реагираше и шведскиот фудбалски сојуз. Јеспер Карлстром и Маркус Даниелсон беа принудени да ги оневозможат коментарите на нивните профили на Инстаграм.

„Контактиравме со полицијата и ни беше кажано дека ќе бидеме информирани“, изјави Мартин Фредман, менаџер за безбедност на Шведска.

„За наша жал, ова е рутина што ја имаме веќе неколку години. Се работи за заштита на нашите играчи најдобро што можеме во превентивна ситуација. Тоа што се случува на Интернет е страшно. Има навреди, глупави и невкусни коментари. Се е глупаво, но секако не е сè криминално“, додава Мартин Фредман.