Женската репрезентација на Шведска го освои третото место на Светското првенство за жени во Австралија.
Во дуелот за бронза, Скандинавките беа подобри од Австралијките. Тие славеа со резултат 2:0 на дуелот кој се одигра во Бризбејн.
Швеѓаните поведоа во 30. минута. Фридолина Ролфо реализираше пенал.
Конечниот резултат го постави Косоваре Аслани на додавање на Стина Блекстениус во 62. минута. Шведска генерално беше подобриот противник во двете полувремиња и сосема заслужено стигна до бронзата.
Во големото финале в недела од 12 часот ќе се сретнат Шпанија и Англија на Олимпискиот стадион во Сиднеј.
