Силекс ги одмерува силите со Карабах во рамките на квалификациите за Лигата на шампионите. Македонскиот претставник на полувреме замина со два гола негатива.
Резултатот беше отворен уште во 11. минута од натпреварот. Ромеро беше прецизен и му донесе водство на својот тим од 1:0.
https://streamable.com/d3fabs
Домашната екипа во 40. минута го зголеми водството на 2:0 преку Гвериер. Но, тука ситуацијата е малку спорна, а прашањето кое се наметува е дали имаше фаула над Божиновски. Како изгледаше сето тоа може да се види на видеото подолу.
https://streamable.com/bb49p4
Кратовчани ќе имаат тешка задач, а негативата од два гола секако, не им оди во прилог.