ФУДБАЛ

Силна порака од Торино (ФОТО)

Јувентус и Милан беа првите кои излегоа на теренот во Италија.

Натпреварот од полуфиналето на Купот на Италија започна вечерва во Торино, а многу силна порака беше испратена од Италија пред почетокот.

„Не на расизмот“, е пораката на тренерските дресови на Јувентус, додека фудбалерите на Милан имаа натписи „Црните животи се важни“.

Исто така, натпреварот започна со минута молчење за сите загинати во пандемијата на коронавирус.