Летечкиот Македонец, Игор Стефановски продолжува со својот поход до шампионската титула во Европскиот шампионат на ридски патеки. Иџе изминатиов викенд беше најбрз на патеката Сент Урсан во Швајцарија.
Иџе триумфираше и на двете трки во Швајцарија, на првата постави и нов рекорд на патеката.
До крајот на шампионатот остануваат уште две трки, а Стефановски во генералниот пласман во Европскиот шампионат на ридски патеки е на првата позиција, по осум трки.
