Атлетико Мадрид со поразот од Атлетик Билбао ка загрози четвртата позиција во шампионатот.
Атлетико сега има само три бода предност пред Бетис, во борбата за позицијата која води во Лигата на шампионите.
Евентуален неуспех би бил тежок удар за Атлетико, а медиумите пишуваат дека во тој случај Диего Симеоне би останал без работа.
Новинарот Антонио Руис пренесува дека Аргентинецот има договор до 2024 година, но дека постои клаузула дека двете страни ќе ја прекинат соработката доколку Атлетико не освои пласман во Лигата на шампионите.
Симеоне има месечна плата од 3,3 милиони евра, а сега ќе се соочи со Реал Мадрид, Елче, Севиља и Реал Сосиедад.
Бетис е на чекор од Атлетико, а до крајот на сезоната ќе игра со Барселона, Валенсија, Гранада и Реал Мадрид.
Да потсетиме, новата титула шампион во Шпанија во минатото коло ја обезбеди Реал Мадрид.