До дербито во Мадрид, работите во Атлетико Мадрид функционираа одлично. Во Ла Лига немаа пораз, додека во Лигата на шампионите отидоа понатаму.
После мечот со Реал, меѓу „јорганџиите“ се појави уште еден „бунтовник“, незадоволен од потезите на Диего Симеоне.
Прво, на натпреварот против Локомотив Москва, Маркос Љоренте „грмеше“ на трибините откако Симеоне го замени, и го воведе Лемар.
Луис Суарез целиот натпревар го минуваше на теренот во Барселона, но аргентинскиот тренер го извади против Салцбург, изразот на лицето на Ел Писторел јасно покажа незадоволство.
Последниот кој не успеа да се контролира беше Жоао Феликс. Симеоне го извади кога Реал губеше, а на Атлетико му требаше гол. Саул влезе во игра, а младиот Португалец ги шутна работите и ја фрли јакната незадоволен од промената.
Симеоне дефинитивно ќе мора да стави крај на ваквото однесување на неговите играчи, да го крене својот глас и да ги среди работите затоа што тимот секогаш треба да биде над индивидуалноста, а тимот е тој што му донесе на Атлетико толку голем успех во последните неколку години.