ФУДБАЛ

Симеоне никому не гарантира минутажа, само најдоброто за тимот

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, јасно кажува дека никогаш не му гарантира минутажа на играчот на теренот.

Два натпревари без победа – пораз од Ливерпул во Лигата на шампионите и реми со Реал Сосиедад во Примера, би можеле да го принудат Диего Симеоне да се смени во тим полн со големи и талентирани играчи. И тоа не му е проблем. Судејќи по неговите изјави, тоа им е кристално јасно на играчите.

„Никому ништо не ветив, мора да работиме во интерес на тимот. Играчите го знаат тоа, јас секогаш гледам само на она што е најдобро за тимот“ , изјави Симеоне на прес-конференцијата пред натпреварот со Леванте во четврток.

Симеоне зборуваше и за повредените играчи, Маркос Љоренте, Томас Лемер и Џефри Кондогбија, кои нема да му бидат достапни во четврток.

„Маркос го загуби најважното нешто во својата игра – головите. Лемар игра меѓу редови и добро комбинира напад и одбрана, а Кондогбоија е поофанзивен. Ги имаме Ерера, Де Поло и Коке кои можат да играат заедно, па ќе одлучиме што ќе правиме“, изјави Симеоне.

По дуелот со Леванте, Атлетико викендов ќе игра против Бетис, а потоа го очекува нов дуел со Ливерпул во Лигата на шампионите.