Диего Симеоне наскоро ќе остане без својот прв асистент во Атлетико Мадрид.
Имено, помошниот тренер на овој клуб, Ерман Бургос, реши да го крене сидрото.
Оваа информација ја носи „Марка“, но не се знае каде Бургос ќе ја продолжи кариерата, иако е поврзан со Ривер Плата. Причината за заминувањето е, наводно, дека тој не постигнал договор за продолжување на соработката.
Сè што е познато е дека Нелсон Вивас ќе го заземе неговото место.
Вивас играше за Арсенал и Интер како играч, а работеше со Диего Симеони во Естудијантес, Ривер Плата и Сан Лоренцо.
Тој не дојде во Атлетико со него затоа што сакаше да се испроба како самостоен тренер.
Кога станува збор за Бургос, тој работеше со Симеоне во Атлетико од 2011 година.