ФУДБАЛ

Симеоне останува во Атлетик?!

Пред 13 години пристигна во црвено-белиот тим на Мадрид и промени се – Диего Симеоне го направи Атлетико еден од најдобрите тимови во Шпанија и Европа, а се чини дека ќе продолжи да ги води „јорганџиите“.

Така барем мисли претседателот на клубот, Енрике Сересо, кој ги демантира пишувањата на медиумите дека по две лоши сезони во Атлетико сакаат да ја прекинат соработката со аргентинскиот стручњак.

„Да, мислам дека Симеоне ќе продолжи да работи во Атлетико Мадрид“, рече Сересо.

Симеоне има договор до 2024 година.

„Засега немам вести за неговото продолжување“, додаде Сересо.

Од 2011 година популарниот Симеоне два пати беше шампион на Шпанија со Атлетико (2014 и 2021 година), двапати ја освои Лигата на Европа и Суперкупот на Европа (2012 и 2018 година), еднаш Купот на кралот (2013), а на два многу несреќни наврати го загуби финалето на Лигата на шампионите од градскиот ривал Реал (2014 и 2016 година).