Диего Симеоне во изјава за весникот Марка изјави дека нема пари да го напушти Атлетико Мадрид.
Тренерот на мадридскиот тим имаше профитабилна понуда од Саудиска Арабија каде веќе заминаа голем број играчки и тренерски „суперѕвезди“.
„Дали се двоумев кога ја добив понудата? Не, вистината е дека сум многу среќен таму каде што сум во моментов.
Не се двоумев, а нема да се двоумам ни кога би ја зголемиле понудата. Среќен сум во Атлетико“, јасен беше Симеоне.
Ова ќе биде 13-та сезона на Аргентинецот на клупата на Атлетико Мадрид.
