Лидерите на Лацио сакаат да го доведат Луис Суарез во своите редови.
Сепак, не станува збор за фудбалерот на Барселона, туку за неговиот имињак, фудбалерот на Вотфорд кој е на позајмица во Реал Сарагоса.
Овој напаѓач има постигнато седумнаесет голови во втората лига на Шпанија оваа сезона, а Лацио е подготвен да му плати дури 10 милиони евра.
Наводно, контакти се веќе воспоставени, а Колумбиецот треба да стане член на Лацио во следниот преоден рок.
Ватфорд го донесе овој млад фудбалер во 2017 година, но оттогаш е на позајмица, а сега се чини дека го напушта клубот.