ФУДБАЛ

Синоќа беше маскиран на трибините, а да беше на теренот, сè ќе беше поинаку

Некои играчи едноставно со својата присутност на теренот му даваат поголема димензија на тимот, без оглед дали се играчи за одбрана, играч за врска или офанзива.

Серхио Рамос со години е предводник на Реал Мадрид, а без него популарните кралеви дефинитивно не се истиот тим што можеше да се види синоќа.

Одличниот стопер го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Шахтјор. Украинците славеа сензационално со 2:3, но да беше Рамос на теренот се ќе беше поинаку.

Одбраната на Реал делуваше аматерски во првото полувреме, а потоа најдобро беше да се забележи колку навистина му недостасува на Шпанецот на Лос Бланкос.

Рамос натпреварот го следеше од трибините на стадионот Алфредо ди Стефано во маскирано издание, а по синоќешното шоу ќе стори се за да се опорави за Ел Класико во сабота.

Инаку, на последните осум натпревари во Лигата на шампионите на кои не играше Рамос, Реал загуби дури седум пати, остварена е само една победа против слабиот Бриж.