ФУДБАЛ

Синоќа фудбалерите на Дортмунд „пзживуваа” над Немања Гудељ, два дриблинзи го вратија во пионерите

Севиља синоќа претрпе нов тежок пораз пред своите навивачи, откако Борусија Дортмунд победи со 4:1 во натпреварот од третото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

 

Дортмунд синоќа без многу мака успеа да победи во Севиља и да дојде до нови три бода, кои можеби ќе бидат од клучно значење во борбата за втората позиција во групата и пласман во осминафиналето од ова натпреварување.

 

Германскиот клуб одлично го отвори натпреварот и поведе веќе во шестата минута кога Гереиро постигна фантастичен гол за 1:0.

Во финишот на првото полувреме Дортмунд постигна уште два гола, а во центарот на вниманието на тие голови беше српскиот репрезентативец Немања Гудељ. Во двете акции, играчот од средниот ред на Севиља не се прослави затоа што Белингем и Мукоко го полудеа со своите дриблинзи.

 

Имено, во 41. минута Белингем со одличен фалсификат го измами Гудељ и успеа да погоди за 2:0, додека српскиот претставник се обидуваше да разбере во која насока тргна капитенот на Дортмунд.

Но само две минути подоцна Гудељ повторно беше во центарот на вниманието. Овојпат со неверојатен потег Мукоко го измами, кој на крајот му беше асистент на Адејеми и погоди за 3:0.

Гудељ синоќа едноставно не се прослави со својата игра и не успеа да ги запре напаѓачите на Дортмунд, што беше негова главна задача.

Сезонава Севиља игра навистина под сите очекувања и ќе и биде тешко да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите бидејќи моментално има само еден освоен бод.

Ниту во домашното првенство не им оди, бидејќи се во долниот дел од табелата. Затоа, не е изненадување што клубот веднаш по синоќешниот пораз од Дортмунд објави дека Јулен Лопетеги повеќе не е тренер на Севиља.

Шпанските медиуми пишуваат дека клупата на шпанскиот клуб речиси сигурно ќе ја преземе Хорхе Сампаоли, кој ќе биде во вториот мандат во Севиља.