Голманот на Брегот на Слоновата Коска, Бадра Али Сангара беше трагичарот на синоќешниот натпревар против Сиера Леоне.
Брегот на Слоновата Коска поведе со 2:1 во синоќешниот натпревар и беше на чекор до победа, но Сиера Леоне успеа да дојде до реми во 93. минута.
Сангра направи неверојатна грешка кога ја испушти топката која на крајот ја зеде Камара и погоди за 2:2.
Се обиде да спречи топката да излезе во корнер, но потоа направи нереална грешка. Сангар поради тоа лежеше и плачеше на теренот, а од друга страна фудбалерите на Сиера Леоне славеа голем подарок и бод на овој меч.
Сепак, кошмарот за Сангра продолжи и по натпреварот. Имено, голманот на Брегот на Слоновата Коска утрово бил во шок бидејќи бил информиран дека неговиот татко починал.
За него овој турнир се претвори во вистинска ноќна мора, а за смртта на својот татко дозна утрово откако се разбуди.
Our hearts go out to #TeamCotedIvoire goalkeeper Badra Ali Sangaré who lost his father earlier today.
Stay strong. pic.twitter.com/yYSrWkERnz
— CAF Online (@CAF_Online) January 17, 2022