ФУДБАЛ

Синот на Диего Симеоне го постигна својот прв гол за Атлетико Мадрид, погледнете како го прослави (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид денеска го победија Лас Палмас со 2:0 во 12. коло од шпанската Ла Лига.

Предноста на Атлетико Мадрид ја донесе Џулијано Симеоне со гол во 37. минута, а конечниот резултат го постави Александар Сорлот во 84. минута.

Џулијано Симеоне, синот на тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, го прослави својот прв гол за мадридскиот клуб, заедно со капитенот Коке, држејќи маица на која пишуваше „Сила и храброст“.

Пораката беше упатена до локалните жители погодени од големите поплави на југот на Шпанија, особено во регионот на Валенсија, каде загинаа над 200 луѓе.

Атлетико Мадрид е трет на табелата со 23 бодови, додека Лас Палмас е на 18-то место со девет бодови.

Standings provided by Sofascore

ПОВРЗАНО

Ла Лига