ФУДБАЛ

Синот на легендарниот напаѓач ја маѓепса нацијата: Два гола и асистенција како увертира за она што претстои (ВИДЕО)

Самуел Ето беше врвен напаѓач, а неговиот син Етиен тргна по неговите стапки.

Момчето, родено пред 18 години на Мајорка, каде започна брилијантната кариера на неговиот татко, блесна во саботата на натпреварот до 20 години помеѓу репрезентациите на Камерун и Мозамбик на Африканскиот куп на нации.

Постигна два гола со една асистенција, а неговиот тим славеше со 4:1. Првиот гол е приказна за себе, вистинско ремек-дело од слободен удар од 20 метри …

Таткото Самуел ги воодушеви сите играјќи за Камерун, Мајорка, Барселона и Интер, но неговиот син Етјен исто така може да има импресивна кариера која штотуку започна.

https://twitter.com/AhmetBaha1903/status/1363207841725566983?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1363207841725566983%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fetienne-eto-kamerun%2F391633