Синот на Мајкл Џордан сака дете со поранешната сопруга на Скоти Пипен. Маркус Џордан (32) веќе некое време се забавува со Ларса Пипен (48) и сега наводно решиле да одат чекор понатаму и да го прошират семејството, пишува порталот „MediaTakeOut“. Тие веќе почнаа да работат на тоа што ги шокираше тамошните медиуми поради огромната разлика во годините.

Според нивните информации, Маркус и Ларса веќе посетиле неколку лекари, експерти за плодност и сакаат да добијат дете со вештачко оплодување. Долго време се зборуваше за нивната врска, прво и двајцата во неколку наврати негираа и тоа, но потоа и самите признаа. Ларса неодамна објави нивна заедничка фотографија и со тоа ги потврди шпекулациите.

